ЕВЕ ЗОШТО ЈАЈЦАТА СЕ СКАПИ: Ова ја одредува нивната ЦЕНА, никогаш не би погодиле

ЕВЕ ЗОШТО ЈАЈЦАТА СЕ СКАПИ: Ова ја одредува нивната ЦЕНА, никогаш не би погодиле

Ако уживате во појадок кој вклучува јајца, можеби ќе сакате да размислите за некои алтернативи, барем ако сакате да заштедите пари.

Јајцата се една од основните намирници што многу луѓе ја консумираат секој ден. А, сведоци сме дека јајцата се една од намирниците кои поскапеа во последните месеци, а податоците покажуваат дека нивната цена е зголемена и до 50 отсто од почетокот на 2022 година. Еве зошто…

За поскапувањето на јајцата придонеле голем број фактори, пишува LifeSavvy.

За да можат кокошките да снесат јајца, тие мора да јадат, а најчесто се хранат со концентрат на база на пченица. Поради сушните услови и војната во Украина (од каде доаѓа најголемиот дел од светската понуда на пченица), цената на добиточната храна нагло се зголеми.

Потоа, тука е горивото, чии резерви не биле толку ниски од 1951 година. Резултатот од сето ова е зголемување на трошоците за транспорт и добиточна храна кои потоа се пренесуваат на потрошувачите кои плаќаат повисоки цени.

За жал, минатата година се појави уште еден голем проблем. Станува збор за птичјиот грип кој преовладуваше во февруари минатата година. Грипот уби 44 милиони кокошки, што е приближно пет проценти од популацијата на кокошки.

За жал, грипот ќе продолжи да ги зголемува цените додека не биде под контрола и новите кокошки не почнат да произведуваат јајца, пренесува N1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *