ПАЛАЧИНКИ СПОРЕД ОВОЈ РЕЦЕПТ СЕКОГАШ УСПЕВААТ: Ви требаат само 20 МИНУТИ за подготовка, а ТАЈНАТА е во 1 работа

ПАЛАЧИНКИ СПОРЕД ОВОЈ РЕЦЕПТ СЕКОГАШ УСПЕВААТ: Ви требаат само 20 МИНУТИ за подготовка, а ТАЈНАТА е во 1 работа




Во морето рецепти за палачинки на врвните светски кулинарски веб-страници, се издвојува еден кој има оценка од 4,95.




Доколку сакате да пробате рецепт за палачинки кои секогаш успеваат, меки се како душа и пени, пробајте ја оваа што ја прикачуваме од порталот Index.hr.




Со Нутела се уште повкусни, а тајната е во добра тава. За подготовка ќе бидат потребни само 20 минути, а повеќето состојки веројатно веќе ги имате во вашата кујна. Тоа се: јајца, млеко, обично брашно, сол, путер и газирана вода, а за пржење ќе ви треба и малку масло.




Состојки:
- 120 гр мазно брашно
- 2 јајца
- 120 мл млеко
- 120 ml газирана вода
- ¼ лажичка сол
- 30 гр стопен путер




Подготовка:
Во поголем сад измешајте ги јајцата и млекото, а потоа додадете го брашното. Додадете ги путерот и солта и мешајте додека не се соединат состојките. Постепено додавајте вода додека мешате. Загрејте ја тавата за палачинки подмачкана со масло на средна температура. Истурете ја смесата во тавата, користејќи околу ¼ чаша за секоја палачинка.




Завртете ја тавата со кружни движења за рамномерно да се распореди смесата по површината. Печете ја палачинката околу две минути, односно додека дното не порумени. Одлепете ја палачинката со шпатула, превртете ја и варете ја од другата страна уште една минута.Послужете топло со намаз по избор