СОЛЕНИ МАФИНИ СО ЗЕЛЕНЧУК, ЈАЈЦА И ФЕТА СИРЕЊЕ: Неодолив вкус, а се печат за САМО 20 МИНУТИ

СОЛЕНИ МАФИНИ СО ЗЕЛЕНЧУК, ЈАЈЦА И ФЕТА СИРЕЊЕ: Неодолив вкус, а се печат за САМО 20 МИНУТИ




Слатките мафини одамна го освоија светот, а солените стануваат се попопуларни. Исклучително се практични бидејќи можат да се направат од речиси секоја храна, само прашање е кој што сака. Ви предлагаме да ги пробате и овие неодоливи мафини од пире од компири полнети со зеленчук, варени јајца и фета сирење. Тие се неверојатно вкусни, а одлични се и како предјадење, но и за појадок или вечера.




Состојки:
- 4 компири
- 3 јајца
- 1 кромид
- 1 морков
- 1 зелена пиперка
- 1/2 црвен пипер
- 100 гр фета сирење
- 100 гр брашно
- 100 гр тврдо сирење




Подготовка:
Во една тава ставете сечкани компири, а во друга 2 јајца да се варат. Во загреана тава на малку масло пропржете го сечканиот кромид. Потоа додадете сечкани моркови и пиперки.




Варете додека зеленчукот не омекне. Истурете во сад и додадете сечкано фета сирење. Додадете сечкани варени јајца. Изгмечете ги компирите, па додајте ги јајцето и брашното и убаво измешајте. Калапот за мафини подмачкајте го со масло, па со подмачкана лажица прелијте го пирето од компири.




Одозгора ставете го зеленчукот и посипете со рендано сирење. Се пече на 200°C околу 20 минути.