СЕКОЈ ДЕН ЈАДЕЛА ПОРТОКАЛ: ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ НА ТЕЛОТО ПО ТОА

СЕКОЈ ДЕН ЈАДЕЛА ПОРТОКАЛ: ЕВЕ ШТО СЕ СЛУЧИ НА ТЕЛОТО ПО ТОА

Портокалите се буквално ризница на хранливи и заштитни растителни соединенија вклучувајќи витамини, минерали и антиоксиданси.

Многу истражувања покажуваат дека редовното консумирање портокали може да има корист за нашето здравје на дури десет различни начини, а овде издвојуваме пет од најголемите.

Го зајакнуваат имунитетот
Бидејќи содржат тиамин, рибофлавин, ниацин, витамин Б-6 и Ц, фолна киселина, пантотенска киселина, фосфор, магнезиум, манган, селен и бакар, портокалите се поврзани со зајакнување на имунолошкиот систем кај луѓето. Нутриционистите тврдат дека еден портокал со средна големина содржи повеќе од препорачаната дневна количина на витамин Ц, односно околу 70 mg.

Тие се добри за кожата
Како што старееме, нашата кожа, како и другите делови од телото, страда од оштетување од слободните радикали. Овој процес е сличен на рѓосувањето на металите по изложување на воздух. Иако тоа е неизбежно, портокалите се преполни со антиоксиданси и витамин Ц кои го забавуваат процесот на стареење и ни помагаат да изгледаме помлади, пишува Healthline.

Го подобруваат видот
Исто како и нашата кожа, нашите очи исто така страдаат од оштетување како што старееме. Портокалите се богати со хранливи материи како витамин А, витамин Ц и калиум кои се одлични за нашите очи. Затоа, доколку сакате видот да ви биде добар како сега, нутриционистите советуваат да јадете по еден портокал секој ден.

Го намалуваат ризикот од болести на срцето и крвните садови
Една од причините зошто луѓето добиваат срцеви заболувања е затоа што нивните артерии се затнати поради нездравиот начин на живот и јадењето нездрава храна. Портокалите имаат флавоноиди кои го намалуваат холестеролот и го спречуваат затнувањето на артериите. Ова за возврат ве штити од срцев удар и многу други кардиоваскуларни болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *