Емил од Прилеп: Се греам на пареа од вода, креветот ми паѓа, највеќе од се сакам да се спаси бато, да оздрави и да го видам пак

Емил од Прилеп: Се греам на пареа од вода, креветот ми паѓа, највеќе од се сакам да се спаси бато, да оздрави и да го видам пак

Цене Маџуни на 15 години одлучила да влезе во светот на возрасните. Веројатно неискуството и лошите избори ќе направат таа денес да живее лошо.

Таа е ќерка единка во семејството кое животот го минува во социјален стан од 20м2 во Прилеп. Пред повеќе од 20 години го губи својот татко а со тоа и тло под нозите.Таа од неуспешниот брак има два сина, поголемиот Далибор и помалиот Емил. Не среќа го прати и Далибор кој веќе со месеци поради проблем со мозокот е во лоша состојба и е во болница во Хрватска.

Цене е принудена да оди во цркви и да питачи за да донесе храна за синчето и бо лната неподвижна мајка. Или пак да собира шишиња за да обезбеди лекови.

Од 12.000 денари пензија на бабата во месецот им остануваат само 2.000 денари. Во оваа соба- дом ова семејство нема ништо што е здраво и функионално.Емил јаде само супа или каша од брашно. А најтешко е тоа што и кога е најладно ова младо момче се грее од пареа од згреана вода.

– Ни останува само 2.000 денари, морам да просам за да добијам леб, понекогаш одам и во црквите и таму ми даваат јадење, вели Цене за ,,Срце на дланка”

– Сме останувале и гладни, ќе се напиеме само вода и ќе си легнеме. Оваа соба е во многу лоша состјба, немам ниту бојлер ниту перална.

– Живееме под кирија во една соба во стан кој е на петти спрат и нема лифт, мојата мајка е неподвижна веќе 12 години, додава Маџуни.

– Многу ми е тешко бидејќи на детето не можам да му овозможам, оди и гладно на училиште, немам ниту да му купам лаптоп за да учи повеќе.

– Поголемиот син доби ко вид, имаше многу проблеми, собирав донации од сите страни и праќав во Хрватска да го лекуваат, каде е уште и е во лоша состојба.

– Децата ми бараат, сакаат сендвич, сака чоколадо, како и сите други си бара, но неможам да му овозможам а тоа може само да гледа, вели со тешко срце Цене.

– Има телевизор но тој не работи, едноставно се е нефункционално овде, се грееме на пареа, малку од малку барем да се стоплиме.

– Се греам на пареа од вода, а креветот пропаѓа, морам да редам столови да го држат креветот, се облекувам од донирана облека.

– Би сакал да имам нови патики и нова јакна, кога би можел да имам своја соба и достоен кревет и секако најголема желба брат ми да оздрави, да го видам тука до мене, вели малиот Емил.

Доколку сакате да му помогнете на ова семејство да застане на здрави нозе тоа може да го сторите на телефонскиот број 078531885 Цене Маџуни или на трансакциската сметка 300027030673525

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *