ДОКТОР ПРЕДУПРЕДУВА ВЕДНАШ да ги исфрлите СЛЕДНИТЕ 3 НАМИРНИЦИ Поради нив се дебелеете, се разболувате и побрзо стареете

ДОКТОР ПРЕДУПРЕДУВА ВЕДНАШ да ги исфрлите СЛЕДНИТЕ 3 НАМИРНИЦИ Поради нив се дебелеете, се разболувате и побрзо стареете




Овие три намирници, кои мора веднаш да ги исфрлиме од исхраната, можат сериозно да го нарушат нашето здравје.Како се храниме и што внесуваме во нашиот организам не е важно само за вишокот килограми, од тоа многу зависи и нашето здравје. Имено, диететичарот Лук Кори истакнува дека најлошото нешто што можете да си го направите е да јадете храна која е богата со калории , натриум и додаден шеќер , а има малку здрави хранливи материи, како есенцијални витамини и минерали.




Тој особено нагласи дека од менито и од редовната исхрана треба целосно да ги отстраните следните три намирници:
Месни производи! Кори наведува дека сланината, колбасите и сувомесните не само што се калорични, туку и богати со заситени масти и некои нитрати, кои можат да придонесат за различни болести. Сепак, Кори истакнува дека е многу важно да се одржува разновидна и здрава исхрана , а не само да се избегнува одредена храна.




Постои урамнотежена исхрана и неурамнотежена исхрана. Ниту една храна сама по себе нема да го здебели човекот или да му наштети на неговото здравје. Најважно е како индивидуалната храна се вклопува во целокупната исхрана. Бидејќи има толку многу фактори кои влегуваат во игра кога јадеме секој ден, има толку многу можни шеми за здрава исхрана. Важно е секој да најде стил кој му одговара – заклучил тој.




Газирани пијалоци! Газираните пијалоци многу лесно се консумираат во големи количини, што може да придонесе за висок внес на калории и шеќер.
Ова може да доведе до зголемување на телесната тежина и други здравствени проблеми – тврди тој.




Замрзната пица! Тој исто така смета дека треба да избегнувате пржена храна и колачи. Тој посочува дека особено треба да внимавате на внесот на пици, особено на замрзнатите.




„Повеќето замрзнати пици се богати со калории, натриум, шеќер и заситени масти и малку други корисни хранливи материи“, рече Кори.