ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ТЕЛОТО АКО ЈАДЕТЕ МЕСО СЕКОЈ ДЕН? Еве ги симптомите, внимавајте ПОСЕБНО ПОСЛЕ ПОСТИТЕ

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ТЕЛОТО АКО ЈАДЕТЕ МЕСО СЕКОЈ ДЕН? Еве ги симптомите, внимавајте ПОСЕБНО ПОСЛЕ ПОСТИТЕ

Со доаѓањето на Божиќ , на 7 јануари завршува божиќниот пост, а луѓето полека се префрлаат на вообичаеното мени, мрсна храна, а најмногу месо. Дали некогаш сте се запрашале што ќе се случи ако јадете премногу месо или ако го јадете секој ден?

Еве го одговорот! Секојдневното консумирање месо може да го забави метаболизмот, да доведе до проблеми со косата, кожата, да предизвика главоболки или дехидрација. Затоа, доколку сте љубители на месо, не е на одмет да „одморите“ од него. На пример, добро е барем еднаш неделно да прескокнете оброк со оваа храна, советуваат експертите. И еве ги сите симптоми:

Дехидрација
Може да се дехидрирате ако јадете премногу црвено месо. Вишокот на урична киселина може да направи да се чувствувате повеќе жедни од вообичаено. На вашите бубрези им е потребна вода за да се разреди секој токсичен отпад, затоа погрижете се да внесувате доволно течности.

Запек
Храната базирана на месо е богата со протеини, но не и влакна, што е добро за варење. Токму затоа се јавува запек. Храна која е богата со растителни влакна се овошјето, зеленчукот и интегралните житарки. Затоа, не заборавајте да ги вклучите во вашата исхрана!

Главоболка
Недостатокот на хидратација може да предизвика и главоболки. Ова предизвикува крвта да биде погуста, што значи дека протокот на кислород во мозокот е намален. Од друга страна, некои производи на база на месо како салама или виршли содржат нитрати кои можат да го зголемат протокот на крв во мозокот.

Лош здив
Исхраната која е многу богата со протеини и масти, но нема јаглехидрати, може да предизвика телото да произведува кетони. Кетоните се ослободуваат преку здивот и затоа се јавува непријатен здив. Затоа погрижете се да вклучите некои јаглени хидрати во вашата исхрана, советуваат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *