ПРИРОДЕН ЛЕК НА НАШИТЕ БАБИ: За астма, бронхитис, кашлица и проблеми со белите дробови…

ПРИРОДЕН ЛЕК НА НАШИТЕ БАБИ: За астма, бронхитис, кашлица и проблеми со белите дробови…




Многу луѓе имаат различни проблеми со белите дробови, но најчести се астмата, бронхитисот и разните форми на кашлица. Проблемите со белите дробови можат да бидат предизвикани од инфекции, разни други состојби, алергии и секако пушење.




Ви носиме популарен лек против овие проблеми, особено астма, и пулмонална и срцева. Лекот во различни варијации го подготвуваа дури и нашите баби, а верувајте знаеја што прават.




Еве што ви треба и како да се подготвите:
- половина килограм црвен кромид
- половина килограм шеќер
- 2 лимони
- 1,5 литри вода
- 7 големи лажици домашен мед
Во метален сад умерено загрејте го шеќерот и мешајте додека не порумени, додадете го ситно исечканиот кромид, кратко пропржете и додајте вода. Сè заедно сварете да зоврие водата на умерена температура додека не испари 1/3 од водата.




Потоа оставете го да се излади, додадете го сокот од 2 исцедени лимони и медот и сето добро измешајте додека не се изедначи целосно. Оставете ја смесата да отстои, а потоа процедете ја (со парче кромид) и чувајте ја во стаклено шише.




Потребно е да се користи 1 лажица од напитокот пред секој оброк додека не се потроши целата количина. По потреба направете нова смеса и повторете ја постапката додека не зараснат белите дробови.




Децата земаат мали лажици од напитокот пред секој оброк.