Вечерва КОЛЕДЕ УТРЕ БАДНИК: Еве како се прославува

Вечерва КОЛЕДЕ УТРЕ БАДНИК: Еве како се прославува




И годинава година,традиционално пред бадник, православните верници вечерва ќе палат бадникарски дрва.




Во секое село, секое маало вечерва ќе горат бадникарски коледарски огнови.




Соседите се собираат, повикуваат и поп, а среќникот на кого ќе му се падне парчичката ќе биде кум идната година.




А во раните утрински часови, коледарите ќе запеаат пред вратите, а ранобудните домаќинки ќе ги даруваат во костени, јаболки, бонбони и парички.