ТОРТА СО ТУРСКИ БИСКВИТ: Направив за нова година, а комплименти се слеваа од сите страни!

ТОРТА СО ТУРСКИ БИСКВИТ: Направив за нова година, а комплименти се слеваа од сите страни!

Оваа турска торта со бисквити од какао е навистина едноставна, а сепак толку кремаста и вкусна. Го јадев кај другарка, го зедов рецептот и го направив за Нова година, на сите им се допадна. Затоа решив да го споделам рецептот со вас.

Ќе ни требаат:

  • 4 пудинг од ванила Долчела
  • 10 лажици шеќер
  • 2 Долчела лимон шеќер
  • 1500 мл млеко
  • 320 гр маргарин
  • 100 гр шеќер во прав
  • 500 мл Шлаг 5+ Долчела
  • 600 гр турски бисквити (или бисквити Петит бер)
    Се подготвува вака:

Прашокот за пудинг измешајте го со 10 лажици шеќер и лимонов шеќер.
Од 1,5 л ладно млеко земете 15 лажици и убаво измешајте ги со пудингот и шеќерот за да добиете хомогена смеса.

Остатокот од млекото сварете го, тргнете го од оган и во него додадете го изматениот прашок за пудинг и варете 1-2 минути мешајќи.
Оставете да се излади, повремено мешајќи за да не се формира кора.

Маргаринот се меша со шеќерот во прав, па се меша во изладениот пудинг.Изматете го шлагот 5+ додека не се стегне.Во плех со димензии 35X25 cm ставете ред бисквити, ред крем со пудинг и ред шлаг.

Постапката повторете ја 6 пати и завршете со шлаг.Тортата направете ја претходниот ден за бисквитот да омекне пред послужување, а вкусот да биде уште пополн.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *