МАСЛОТО ОД ОВА РАСТЕНИЈЕ ГО ЛЕКУВА СИНУСОТ А ЕВЕ КАКО: Само направете го ова и главата повеќе нема да ве боли

МАСЛОТО ОД ОВА РАСТЕНИЈЕ ГО ЛЕКУВА СИНУСОТ А ЕВЕ КАКО: Само направете го ова и главата повеќе нема да ве боли




Можете да го користите и за масажа на цело тело!




Глуварчето е исклучително лековито растение во народната медицина, а неговите листови се одлични за детоксикација. Цветовите се користат за правење мед и се полни со антиоксиданси. Посебно е лековит и корејн, кој позитивно делува на имунитетот, ги намалува воспалителните процеси во организмот и се препорачува за здравјето на црниот дроб.




Но, маслото не е наменето за јадење, туку е одлично за надворешна употреба при болки, вкочанет врат, синусна главоболка, отечени и болни гради. Се нанесува на отечени и болни гради и при било каква болка. Може да се користи за масажа на целото тело, а за да помогне при опуштање се додава и малку лаванда.




Состојки:
Цвеќиња од глуварче
Ладно цедено масло по избор (маслиново, масло од авокадо, масло од семки од грозје, бадемово масло, кокосово масло)




Подготовка: Изберете цветови од глуварче, но целосно отстранете го зелениот дел (стеблото и листовите под цветот). Цветовите измијте ги, па оставете ги на крпа да се исушат. Кога ќе се исушат, наполнете половина од мала тегла со цветови, па прелијте ги со масло, за целосно да ги покрие цветовите.




Затворете ја теглата со газа, која можете да ја прицврстите со ластик за теглите. Оставете ја теглата на прозорецот (на сончевата страна од куќата) да отстои околу две недели. Процедете го маслото, истурете го во стерилно шише и чувајте го на ладно и темно место.