ЗАДОЛЖИТЕЛНО СТАВЕТЕ ГО ОВОЈ ПРЕДМЕТ ВО СПАЛНАТА СОБА и избркајте ја лошата среќа и лошите соништа! Се верува дека навистина помага

ЗАДОЛЖИТЕЛНО СТАВЕТЕ ГО ОВОЈ ПРЕДМЕТ ВО СПАЛНАТА СОБА и избркајте ја лошата среќа и лошите соништа! Се верува дека навистина помага




Сигурно сте виделе прекрасен украсен предмет плетен или конец со пердуви во продавниците и чаршиите. Тоа е ловец на соништата , но не е само украс, тоа е талисман кој има свое подлабоко значење и е вкоренет во античко верување.




Неговиот концепт потекнува од културата на Индијанците каде што постои верување дека воздухот ноќе е исполнет со добри и лоши соништа. Фаќачот на соништата бил направен да биде заштитен талисман кој се ставал над лулките или креветите на децата за да ги заштити од лоши соништа.




Се верува дека постојат две легенди за потеклото на ловците на соништата – едната е поврзана со племето Оџибва кое верувало во жени-пајаци – Асибикааши, нивните духовни заштитници кои ги штитат децата од злите сили.




Како што племето патувало и се движело, на нивниот заштитник му станало потешко да ги заштити. На овој начин е создаден фаќачот на соништата, за да ги фати сите лоши соништа во својата мрежа, а добрите да ги филтрира низ дупка, зрнце или некој украс во центарот на мрежата.