НИКОГАШ НЕ ПРИФАЌАЈТЕ ВАКВИ ПОДАРОЦИ: Се верува дека носат зло и несреќа

НИКОГАШ НЕ ПРИФАЌАЈТЕ ВАКВИ ПОДАРОЦИ: Се верува дека носат зло и несреќа




Новогодишните празници се во тек, па овој период е секогаш за подароци. Вообичаено, треба да се радуваме на подароци, бидејќи тоа е посебен знак на внимание од некој нам драг, но во следните ситуации треба да бидете многу внимателни.




Имено, експертите за фенг шуи веруваат дека секој предмет носи енергија, а со тоа што го чуваме во куќата ја пренесуваме таа енергија во нашиот дом. Затоа, според нив, треба да внимаваме што внесуваме во куќата и чии подароци прифаќаме и чуваме.




Се верува дека најлошото нешто што можете да го внесете во куќата е подарок од завидлив и злобен човек. Тој предмет, според верувањата, брзо ќе внесе кавги во куќата, дури и болест , развод. Кога ќе го земете, ќе почувствувате непријатност, срцето ќе ви чука побрзо, ќе имате лошо чувство.




Се верува дека луѓето кои ви завидуваат и воопшто не се среќни за вашиот успех, семејство или бизнис, први во редот ќе ви донесат подарок. Негативната енергија на давателот се пренесува на предметот , кој тивко, но моќно дејствува од аголот на вашиот дом.




Како да знаете дека подарокот е преплавен со негативна енергија ?




Ако сте се чувствувале непријатно кога подарувате или имате чудно чувство секогаш кога ќе го погледнете, фрлете го предметот без никакво каење. Не го одложувајте на поткровје, подрум или слично, само фрлете го.