НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: За само 20 денари ја отстранила целата смрдеа

НЕМА ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: За само 20 денари ја отстранила целата смрдеа

Отсега, бришењето на тоалетната школка повеќе нема да биде проблем.Една домаќинка откри како да го исчисти без да се мачи.

Трик кој на секого ќе му значи.
Кога една домаќинка од Австралија раскажала како ја чисти ВЦ школката, многу жени останале шокирани!

Имено, мајката на две деца објави дека користи производ за готвење како оружје против тврдоглавите дамки во бањата.
За чистење користи само еден евтин производ – лимонска киселина, пренесува „Дејли мејл“.

„Ако мразите да го чистите тоалетот, еве што може да ви помогне. Протресете две кесички лимонска киселина во тоалетната школка и оставете ја да отстои девет часа и ќе се погрижи за целата работа. Најтешкиот дел од процесот е да се осигурате дека луѓето не го користат тоалетот во тие девет часа. Сакав да користам средство за чистење, но ова е поевтино“, напиша Лорен.

Жените биле шокирани кога сфатиле дека постои толку евтин начин да се исчисти ВЦ шолјата , а некои ги споделиле и начините на кои тие самите користат лимонска киселина.

„Јас користам лимонска киселина секој ден за чистење на тоалетот, но таа е одлична затоа што нема хемикалии , па дури и децата можат да чистат со неа“, коментира една мајка, а друга додава: „Лимонската киселина е најдобра! Одлично за чистење на тоалети и тушеви“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *