ОВИЕ РАСТЕНИЈА КАКО МАГНЕТ ПРИВЛЕЧУВААТ СРЕЌА ВО ВАШИОТ ДОМ: Земете ги сега, животот ќе ви биде ПОДОБАР

ОВИЕ РАСТЕНИЈА КАКО МАГНЕТ ПРИВЛЕЧУВААТ СРЕЌА ВО ВАШИОТ ДОМ: Земете ги сега, животот ќе ви биде ПОДОБАР




Босилекот е растение кое привлекува позитивни вибрации во околината и е едно од ретките кои произведуваат кислород 20 часа на ден, отстранувајќи ги токсините од воздухот. Ова „кралско“ растение е одлично за лекување на разни иритации, а освен тоа го подобрува и расположението , исто како што го подобрува вкусот на храната.




Неговите позитивни мирисни ефекти доаѓаат од линалол, органско соединение кое се наоѓа и во лавандата и лимонот, па затоа е еден од најчесто користените екстракти во ароматерапијата и парфемите.




Линалолот, како што покажаа многу студии, помага да се намали стресот со менување на активноста на нашите гени и составот на нашата крв. Има цветен мирис и природно се наоѓа во чај, портокали, грозје, лимони, домати и лаванда.




Мирисната лаванда го опушта телото и го прочистува умот, ја ублажува анксиозноста и помага при главоболки и несоница. Покрај тоа, ароматерапевтите веруваат дека ја активира енергијата која лекува и внесува стабилност во животот. И докажано е дека ги отстранува токсините од домот.




Мирисот на роза е маѓепсан, но во исто време го ублажува стресот. Ги растерува токсините и негативноста, а во домот внесува страст и љубов. Но, не е неопходно да се запре само на мирисот, бидејќи и самото гледање во букет рози има лековито дејство.




Студијата објавена во Журналот за физиолошка антропологија покажа дека канцелариските работници кои гледале рози се чувствуваат поопуштено и помирно. Јапонските научници, откако ги украсиле канцелариите со вазни полни со рози, заклучиле дека пулсот на вработените се намалил, како и дека нивото на стрес значително се намалило.




А орхидеите го подобруваат расположението дури и во зимските денови. Дополнително, практичарите на фенг шуи сакаат да користат орхидеи кога ја зголемуваат позитивната енергија во просторијата. Тие ослободуваат кислород во текот на ноќта и ја балансираат енергијата додека спиете.




Се смета дека ја подобрува романтиката, а во античка Кина орхидејата се сметала за гласник на сексуалната енергија и клуч за активирање на кундалини.