ЛИСНАТ ЗЕЛНИК СО ПРАЗ И ВЕЗЕНИ ПИПЕРКИ: Вкус и мирис на нашата традиција,секој залак се топи во уста

ЛИСНАТ ЗЕЛНИК СО ПРАЗ И ВЕЗЕНИ ПИПЕРКИ: Вкус и мирис на нашата традиција,секој залак се топи во уста

За многумина месењето тесто и сукањето кори претставува еден од најголемите предизвици со кои што се соочуваат кога ќе влезат во кујната. За волја на вистината се што Ви е потребно за да приготвите супер мек зелник или крцкава пита, е во редовната пракса која ќе ви овозможи да стекнете искуство во работата со тесто. Колку почесто месите и сукате, толку повеќе се усовршувате во она што го правите, а со тоа и рецептите кои што ги правите стануваат се подобри и подобри.

Ветувам дека ако ги следите сите чекори на подготовка, дури и да не сте вешти во сукањето кори, лесно ќе приготвите зелник кој ќе им се допадне дури и на најпребирливите.
Состојки:

  • 1 кг брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 500 мл вода
  • Сол по вкус
  • Масло за јадење по потреба

Фил:

  • 4 страка праз ситно исечкани
  • 1 јајце
  • 3-4 везени пиперки

Подготовка:
Најпрво потребно е да го испржите празот и везените пиперки на малку масло додека омекнат. Во него додајте околу 20-30 мл вода за да не создава киселини при јадењето. Кога ќе изврие водата тргнете на страна и оставете да се олади. По ладењето, во празот додадете ги урдата и јајцето и убаво измешајте.

Во длабок сад замесете тесто од брашното, квасецот, водата и солта. Оставете да стаса околу 30тина минути. Тестото поделете го на три дела. Едниот дел поделете го на 3 еднакви делови и расукајте ги во кори големи колку 1 чинија. Земете ја првата кора нанесете околу 2 лажици масло за јадење, покријте со втората кора и нанесете повторно масло за јадење распределувајќи го по целата кора.

Покријте ги со третата кора претходните две кори и расукајте една голема кора, малку поголема од тавчето во кое ќе го печете зелникот . Пренесете ја кората во претходно премачкана тава, така што краевите ќе висат од тавчето. Свиткајте ги краевите така што ќе формирате убава витка. Постапката повторете ја и со вториот дел од тестото. Во средишниот дел нанесете од филот со празот и оставете на страна.

Расукајте уште една потенка кора од третиот дел од тестото, нанесете ја врз филот одозгора така што ќе формирате ,,неправилна” површина. Тоа ќе даде рустикален изглед на Вашиот зелник.
Пропрскајте ја со масло за јадење горната кора и печете на загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, а потоа намалете на 180 степени уште 10 минути или додека не добие убава златно-кафена боја.Добар апетит

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *