НАРОДЕН ЛЕК ЗА БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ:Евтина БИЛКА која ги смирува воспаленијата и артритисот

НАРОДЕН ЛЕК ЗА БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ:Евтина БИЛКА која ги смирува воспаленијата и артритисот




Ако страдате од болки во зглобовите, пробајте го овој народен лек!
Постарите луѓе често страдаат од артритис, а во посериозни случаи оваа болест влијае и на нивната способност за движење. Болката и вкочанетоста во зглобовите се вообичаени симптоми на различни видови артритис, а една билка која често ја користиме како зачин може да помогне.




Ловорот или лорберот, како што некои го нарекуваат, има неколку лековити својства, а едно од нив е тоа што помага при болки. Ако се нанесе во форма на масло, преку кожата, може да го ублажи воспалението во пределот на зафатените зглобови.




Се препорачува лесна масажа на зглобовите со ловорово масло или топла облога од чај од ловор. Доволно е да натопите пет-шест листови во врела вода и да отстои околу еден час. Потопете ги облогите од газа во овој чај, исцедете ги и држете ги на болните места околу половина час. Повторете два до три пати на ден.




Ловоровото масло помага и кај други болки, на пример, главоболки, болки во мускулите, како и болни и проширени вени. Можете да го направите сами така што ќе натопите грст ловорови листови во маслиново масло и ќе ги оставите на темно место, заштитено од високи температури.




Не заборавајте дека исхраната може да влијае и на симптомите на артритис. Нутриционистите советуваат да се елиминира храната како домати, модар патлиџан, компири и пиперки, бидејќи тие можат да го зголемат воспалението на зглобовите.




Треба да се избегнуваат и рафиниран шеќер, сол и алкохол. Најдобра е медитеранската исхрана, базирана на цели зрна, риба, зеленчук, овошје и незаситени масни киселини.