ВАКА НАШИТЕ БАБИ ПРАВЕЛЕ ГИБАНИЦА: Евтина и брза нема да престанете со јадење

ВАКА НАШИТЕ БАБИ ПРАВЕЛЕ ГИБАНИЦА: Евтина и брза нема да престанете со јадење




Доколку имате бајат и сув леб, не го фрлајте.
Искористете го за овој брз и едноставен рецепт.
Испробан рецепт и многу вкусен.




Потребно е:
- 4-5 парчиња сув леб
- 5 јајца
- 500 гр кисело млеко
- 100 гр сирење
- малку сол
- малку сусам




Подготовка:
Кришките стар леб исечете ги на коцки.Лебот натапкајте го во подмачкана тава. Одозгора посипете со издробено сирење.Изматете ги јајцата, посолете и додадете го киселото млеко. Убаво измешајте да добиете хомогена смеса.




Прелијте преку лебот. Посипете со сусам.Тавата со гибаницата од леб ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени 30-тина минути односно додека не добие убава румена боја.