ПАРЕНА ТОРТА СО ОРЕВИ: Еден од оние СТАРИНСКИ КОЛАЧИ- НАЈДОБАР РЕЦЕПТ

ПАРЕНА ТОРТА СО ОРЕВИ: Еден од оние СТАРИНСКИ КОЛАЧИ- НАЈДОБАР РЕЦЕПТ

Ја правеле нашите баби и мајки а јас сакам да се продолжи таа традиција,затоа ви го споделив овој стар рецепт за шарена торта

Состојки
Прво Тесто:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 2,5 лажици гриз
  • 2,5 лажици брашно
  • 70 гр рендано чоколадо
  • 200 гр мелени ореви

Второ Тесто:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер
  • 2,5 лажици гриз
  • 2,5 лажици брашно

Шербет:

  • 750 гр шеќер
  • 8 dcl вода
  • 1 лимон

Подготовка:
За првото тесто убаво изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете ги останатите состојки еден по еден и измешајте сè да се соедини. Намастете и посипете брашно на плех (мојот е 22×37), потоа истурете го тестото и печете го на 200 C околу 10 минути, додека малку порумени.

За тоа време изматете јајца со шеќер за вториот дел од тестото, додадете брашно и гриз и сè соединете. Се прелива врз полупеченото тесто и се пече колачот.

Сварете шербет од шеќер, вода и лимон исечкани на прстени (не долго, неколку минути). Топлата торта прелијте ја со врелиот сируп. Посипете со мелени ореви.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *