СПОРЕД ГЕРМАНСКИ РЕЦЕПТ: Домашен еликсир за срцеви заболувања од познатиот билкар Марија Требем

СПОРЕД ГЕРМАНСКИ РЕЦЕПТ: Домашен еликсир за срцеви заболувања од познатиот билкар Марија Требем
Домашниот рецепт кој ви го подготвуваме се користи кога чувствувате некакви срцеви проблеми како мавтање, прескокнување или поради стрес, а се покажал корисен и за ангина пекторис.

Творецот на познатиот рецепт е германска игуманија која живеела пред осумстотини години, а дури и лекарите го презеле нејзиниот рецепт за проблеми со срцето.

Рецептот подоцна го пренесе познатата билкар Марија Требем, авторка на книгата Здравје од Божјата аптека.Природниот лек за срцето се покажа како корисен за срцева слабост, но и за посериозни срцеви заболувања.

Се користи кога чувствувате какви било проблеми со срцето како што се треперење, прескокнување или поради стрес, а исто така се покажало дека е корисно и за ангина пекторис.

Ќе ни требаат:

  • 10 свежи стебленца магдонос (без корен),
  • литар домашно црвено или бело вино,
  • две лажици вински оцет
  • 300 гр природен мед.

И се прави вака:
Во литар чисто природно вино ставете десет свежи стебленца магдонос заедно со листовите и додадете 1-2 големи лажици вински оцет.
Гответе 10 минути на тивок оган. Потоа додадете 300 грама мед и оставете го полека да се вари уште 4 минути.

Топлото вино процедете го и ставете го уште топло во шишињата, кои претходно се измиени со силен алкохол.Добро затворете. Седиментот што се формира не е штетен и може слободно да се пие.

Се користи на овој начин:
Напитокот се користи секојдневно, супена лажица, додека болката не престане.За посериозни болести треба да се користи подолг временски период.

Задолжително консултирајте се со вашиот лекар за било каков лек, особено ако веќе користите одредена терапија.Ви посакуваме многу здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *