МНОГУ ЗДРАВО Е ДА ЈАДЕТЕ БАРЕМ 1 СЕКОЈ ДЕН: Вашето тело ќе ви се заблагодари!

МНОГУ ЗДРАВО Е ДА ЈАДЕТЕ БАРЕМ 1 СЕКОЈ ДЕН: Вашето тело ќе ви се заблагодари!

Кога ќе се спомнат сливите , веројатно првите асоцијации за многумина се џемот и слаткото.

Сепак, ова овошје е многу повеќе од тоа, и може да го подобри здравјето на организмот.
Постојат многу видови на сливи, а сите се богати со јаглехидрати, ниски со масти и калории, полни со витамини А, Ц и Е, калциум, магнезиум, влакна и калиум.

Еве како сливите влијаат на здравјето:
Тие го штитат срцето
Една свежа слива во просек содржи 113 mg калиум, минерал кој помага во контрола на високиот крвен притисок и го намалува ризикот од мозочен удар.

Тие помагаат во варењето
Сувите сливи се дизајнирани да им помогнат на цревата да ја вршат својата работа. Залихи од суви сливи можете да подготвите многу едноставно: потопете ги сливите во свежо зовриена вода, изладете ги и чувајте ги во затворен сад во фрижидер.

Го намалуваат нивото на шеќер во крвта
Сливите имаат низок гликемиски индекс, што значи дека можат да ви помогнат да го контролирате нивото на шеќер во крвта и да го намалите ризикот од дијабетес тип 2.

Ги зајакнуваат коските
100 грама суви сливи дневно (околу 10 сливи) ја зголемуваат густината на коските во ‘рбетот и подлактицата.

Ја подобруваат меморијата
Само 3 до 4 суви сливи дневно можат да помогнат во неутрализирање на штетните слободни радикали кои негативно влијаат на меморијата.

Тие им помагаат на очите
Сливите се особено корисни за здравјето на вашите очи. Фитонутриентите кои се наоѓаат во сливите може да помогнат во намалување на ризикот од болести на очите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *