КУЈНСКИТЕ крпи МОЖЕ ДА БИДАТ ОПАСНИ ПО ЗДРАВЈЕТО: Еве зошто е важно едно нешто

КУЈНСКИТЕ крпи МОЖЕ ДА БИДАТ ОПАСНИ ПО ЗДРАВЈЕТО: Еве зошто е важно едно нешто




Многу е веројатно кујнските крпи да не ги переме толку често колку што треба, а сето тоа поради мислењето дека нема потреба често да ги миеме бидејќи и онака ги користиме за бришење чисти садови.




Но, не е баш така. Експертот за чистење Ралица Проданова тврди дека кујнските крпи треба да се мијат секој ден. Да, секој ден. Во спротивно, вели таа, се изложуваме на разни видови бактерии, па дури и на ризик од труење со храна.




„Кујнските крпи се совршено место за развој на бактерии. Често се влажни и топли од претходната употреба, поради што бактериите брзо се размножуваат на нив. И бидејќи тие доаѓаат во контакт со различни површини – од раце до садови и работни површини, треба да бидете навистина внимателни да не ширите бактерии од една на друга површина“. Проданова советува или да ги менувате секојдневно со чисти, суви или да ги миете на крајот од секој ден за да бидат чисти и спремни за употреба следниот ден. Инаку, една студија од 2003 година покажа дека сунѓерите за миење садови и крпите за чај се предметите во кујната со најмногу бактерии – дури и салмонела може да се најде на нив. Со оглед на тоа што со овие крпи ги бришеме садовите, понекогаш и работната површина доколку се извалка, но и рацете по миењето на садовите, треба навистина да внимаваме да не пренесеме бактерии.




„Бидете сигурни, лесно може да се случи труење со храна предизвикано од салмонела или некои други бактерии. Таа посочува дека семејствата со деца треба да бидат уште повнимателни.




„Лесно е детето да испушти партал на подот, а родителите тоа не го ни гледаат. Затоа е најдобро секој ден да земате чиста крпа и да не ризикувате“.