НАМЕСТО ЗАПРШКА, 2 ЛАЖИЦИ ОД ОВА ДОДАЈТЕ ВО ЧОРБАТА И ЌЕ БИДЕ ГУСТА: Отсега секогаш ВАКА ЌЕ ЈА ПОДГОТВУВАТЕ

НАМЕСТО ЗАПРШКА, 2 ЛАЖИЦИ ОД ОВА ДОДАЈТЕ ВО ЧОРБАТА И ЌЕ БИДЕ ГУСТА: Отсега секогаш ВАКА ЌЕ ЈА ПОДГОТВУВАТЕ




Вкусната топла супа е омилено јадење, кое се консумира во текот на целата година. Ако, сепак, сте направиле тенка супа, тоа не е проблем, бидејќи постојат неколку лесни методи кои ќе ја направат погуста. Погледнете како можете да ја направите супата погуста, брзо и лесно.




Првиот и најлесниот начин е ладна запршка за чорбата. Со оваа постапка, чорбата не само што ќе биде погуста, туку ќе биде и повкусна.




Изматете едно јајце со малку сок од лимон и додадете малку од супата. Изматете го и додадете го во чорбата. Ако супата ви е многу ретка, можете да направите ладен сос со кисело млеко, јајце и лажица брашно.




За да ја направите чорбата погуста, можете да растворите 1-2 лажици скроб во малку ладна вода, а потоа оваа смеса да ја додадете во супата. Промешајте енергично. Скробот можете да го замените со брашно, но внимавајте да не се направат грутчиња и да не ви се расипе супата. Друга варијанта за погуста супа е да додадете малку концентрат од супа од кесичката, 2-3 лажици. Измешајте ја супата или концентратот од супата со малку вода и додајте ја во врелата супа.




Оваа постапка сепак не се препорачува бидејќи инстант супите имаат многу сол и разни вештачки материи во себе, што ќе ја направи вашата чорба помалку здрава и корисна. Многу добра опција е да додадете цели компири и моркови во супата заедно со сецкан зеленчук. Кога ќе се сварат, извадете ги и испасирајте ги, а потоа вратете ги во чорбата.