Старомодни посни кифлички со орев :Слатко тесто кое се топи во уста

Старомодни посни кифлички со орев :Слатко тесто кое се топи во уста

Еден од рецептите кои едноставно морате да ги пробате!
СОСТОЈКИ:

  • 300-400 гр брашно
  • 200 мл млака вода
  • 100 гр маргарин на собна температура
  • 1 лажичка шеќер
  • малку сол
  • 1 коцка квасец
  • 200 гр мелени ореви
  • шеќер по желба за мешање со оревите
  • 1 лажица масло

    НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
    Квасецот растопете го во малку млака вода со лажичка шеќер, па измешајте со претходно соединети масло, брашно, сол и остатокот од водата. Замесете меко тесто. Оставете да отстои 15 минути, па развлечете тенко и премачкајте со омекнат маргарин. Свиткајте во ролат па оставете да отстои уште 15 минути.

Повторно развлечете, малку премачкајте со маргарин и преклопете како книга. Развлечете го тестото на половина сантиметар дебелина, повторно малку премачкајте и пресечете на половина, па сечете триаголници.

Зашеќерете ги оревите (можете да додадете и едно рендано јаболко и малку цимет во тој фил), па ставајте по лажичка фил во секој триаголник. Свиткајте кифлички, редете ги во плех обложен со хартија за печење, па повторно оставете да отстојат 10-15 минути.

Секоја кифличка премачкајте ја со остатокот од растопениот маргарин и печете на 200 степени 20 минути.

Додека се уште се врели, извалкајте ги во шеќер во прав по желба, иако се многу вкусни и без тоа. Уживајте!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *