МНОГУ ЛОГИЧНО: Зошто стрелките на часовникот се секогаш на 10:10?

МНОГУ ЛОГИЧНО: Зошто стрелките на часовникот се секогаш на 10:10?

Долго време се расправа за тоа зошто точно сите часовници кои се користат за рекламни цели покажуваат исто време – 10 часа и 10 минути. Се разбира, енигмата е зошто токму тоа време?

Како што пренесува rt.balkan.rs, вистинската причина за ваквото поставување на стрелките на часовникот е повеќе од едноставна и логична, но и покрај тоа, со децении постојат различни теории кои се поврзани со некои историски настани.

Според една од теориите, се претпоставува дека е времето на атентатот на Абрахам Линколн, што всушност не е точно, како што не е точна и теоријата дека тоа е време кога американските пилоти ги фрлале атомските бомби врз Хирошима и Нагасаки.

Но, тогаш која е вистинската причина зошто стрелките во рекламите се поставени да покажуваат 10 и 10? Едноставно објаснување на овој феномен лежи во фактот дека со таква положба на стрелките, името на брендот, кое обично се наоѓа во средината, е целосно видливо и во фокусот во горната половина на бројчаникот, но бидејќи ова објаснување е премногу обичен и досаден, и денес постојат различни теории кои се поврзуваат со ова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *