ДЕН ПРЕД СВЕТИ НИКОЛА:Денес славиме ГОЛЕМ СВЕТЕЦ,Кажете ја ОВАА молитва за ЗДРАВЈЕ

ДЕН ПРЕД СВЕТИ НИКОЛА:Денес славиме ГОЛЕМ СВЕТЕЦ,Кажете ја ОВАА молитва за ЗДРАВЈЕ

Денеска е Св. Сава Осветен и св. Нектариј Битолски.

Свети Сава се роди во петтиот век, во областа Кападокија. Веќе на 18-годишна возраст се насели во еден манастир и наскоро беше потстрижен за монах. После повеќе години поминати во манастирот на блажениот Теоктист, сакајќи ништо да не го одвојува од молитвата и богомислието, тој се насели во една пештера во Палестина. Последните години ги помина како духовник во манастирот во Палестина што денес го носи неговото име.

Се упокои во 533 година. Денес се слави и свети Нектариј Битолски. Потекнуваше од благочестиво битолско семејство. Кога го израснаа, мајка му и татко му стапија во манастир.

Молитва кон преподобниот и богоносен отец наш Сава Осветен
О, преубав и сефален угоднику Божји, преподобен отец Саво! Скрушено стоејќи денес во твојот свет храм, пред твојата света икона, и радосно празнувајќи го пресветлиот твој спомен, те прославуваме тебе, заштитнику наш. Почитувајќи ја големата смелост која ја имаш пред Господа, смирено те молиме, Преблажен: милостиво прими ги од нас овие пофални песни, кои од љубов усрдно ти ги принесуваме и, имајќи голема смелост пред Господа, побрзај со своето богоугодно застапништво од Царот на царевите и Господарот на господарите да измолиш да ја излие Својата голема и богата милост на нас, грешните, да ни подари дух на вистинска вера, дух на знаење и љубов, дух на мир и радост во Духот Свет, да не’ избави од непријатности и искушенија, и да ни испрати се’ што е корисно за спасение на нашите души.

На сите православни нека им испрати мир, тишина, спокој, ревност во исполнувањето на Неговите заповеди, изобилие на земни плодови; и сета наша земја нека ја избави од глад, земјотреси, поплави, оган, меч, напади од туѓинци, меѓусебни расправии и борби, смртоносни рани и секое зло.

О, угоднику Божји, не презирај го ова молење, туку услиши не’ нас кои ти се молиме и под твојата закрила сочувај не’ од лукавствата на видливите и невидливите непријатели, да се удостоиме својот живот во покајание да го завршиме, и вечните добра да ги примиме во Царството на Христос, нашиот Бог, во кое со тебе и сите Светии ќе Го прославуваме достојното за поклони Име на Пресвета Троица, на Отецот, и Синот и Светиот Дух, во вековите на вековите. Амин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *