КУПИВТЕ КИСЕЛИ МАНДАРИНИ? Не ги фрлајте, еве како да ги направите СЛАТКИ!

КУПИВТЕ КИСЕЛИ МАНДАРИНИ? Не ги фрлајте, еве како да ги направите СЛАТКИ!

Сезоната на мандарини е во тек, а покрај тоа што ова овошје е вкусно, исто така е исклучително здраво и полно со витамин Ц. Мандарините ќе ви помогнат и во борбата против вирусите, вклучувајќи го и грипот од кој многумина страдаат деновиве.

Меѓутоа, проблемот е што, кога купуваме мандарини, никогаш не можеме да знаеме кои се слатки, а кои кисели, па понекогаш ги купуваме и едвај чекаме да дојдеме дома за да ги јадеме, а потоа сфаќаме дека се премногу кисели.

За среќа, можно е многу брзо да се поправи вкусот на ова овошје, па повеќе не мора да се грижите дали сте купиле слатки или кисели мандарини.

Што можеш да направиш?
Мандарините можете да ги изложите на високи температури, односно да ги чувате на даска или на прозорец, на силна сончева светлина, можеби 2-3 дена, што не е загарантирано во зима.

Од друга страна, постои побрзо и попрактично решение, а се што треба да направите е да истурите топла вода, приближно 40°C, во садот. Во сад ставете ги мандарините, а потоа оставете ги да отстојат во толку топла вода околу 10-15 минути. После тоа веднаш натопете ги во ладна вода и толку. Мандарините повеќе нема да бидат кисели, туку слатки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *