Зошто гладувањето е опасно, за вашиот организам.

Диетите основани на недостиг на храна често се успешни на краткорочен план, бидејќи изгубените килограми брзо се враќаат.
Нутриционистот Витни Стјуарт вели дека повеќето диети имаат строги правила и се основаат на идејата да се јаде помалку храна, да се бројат калории, храната да се консумира во одредено време и слично. Таквите правила се неодржливи за подолг временски период.

Идејата за помалку храна, која е составен дел од многу диети, дава чувство за контрола над ситуацијата и луѓето кои се на ваква диета често мислат дека е супер што денес ете не изеле колаче или слично. Но, со текот на времето станува потешко да се одржи самоконтролата и набргу таквото размислување се менува, па сами се храбрите дека две недели не сте изеле колаче, па сега е време да се почестите со едно.

По ова, чувствата се влошуваат бидејќи не сте успеале да се контролирате.
„Не ве одредува тоа што го јадете, ваквото размислување е многу погрешно“, вели Стјуарт.

Постојат работи кои треба да ги избегнувате, на пример постојана консумација на нездрава брза храна, храна со висока концентрација на шеќер како и голема количина алкохол.

„Сепак, не треба да промовираме диети базирани на депривација на храна како единствениот начин да се слабее, бидејќи постојат и други“, објаснува нутриционистот.

Предлага мали, но ефикасни и долгорочно одржливи промени и наведува дека најважно е да бидете умерени во јадењето. Проблемот кај повеќето луѓе е што немаат трпение за промени за кои е потребно повеќе време и кои, гледано долгорочно, носат подобри резултати.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *