СЕКОЈ ДЕН ПИЈAМ ЧАША ЈОГУРТ: Ми се случи вистинско чудо

СЕКОЈ ДЕН ПИЈAМ ЧАША ЈОГУРТ: Ми се случи вистинско чудо

Јогуртот е меѓу омилените млечни напитоци за многу луѓе, кој благотворно делува на организмот.

Јогуртот содржи здрави бактерии „Lactobacillus acidophilus“ и „Streptococcus thermophilus“ кои ги потиснуваат штетните бактерии.
Една читателка го сподели нејзиното позитивно искуство од пиење една чаша јогурт дневно.

Една чаша јогурт содржи значителни количини на калиум, фосфор, рибофлавин, јод, цинк и витамин Б5, витамин Б12.

За рамен стомак
Истражувањето на Универзитетот во Тенеси во Ноксвил покажало дека луѓето кои пиеле 500 грама јогурт дневно, во комбинација со намален внес на калории, изгубиле 22 отсто повеќе килограми и 81 отсто повеќе масти околу стомакот од луѓето кои ја прескокнувале оваа ужина.

Исто така, тие задржале една третина повеќе мускулна маса.

„Со конзумирање на јогурт внесуваме калциум во организмот, кој помага да се лачи помалку кортизол хормон, што го олеснува слабеењето, додека аминокиселините помагаат во согорувањето на масните наслаги“, откри др. Мајкл Земел, професор по исхрана и автор на студијата.

Го регулира варењето
Името „активна култура“ што се наоѓа во чаша јогурт покажува дека содржи пробиотици, односно добри бактерии кои живеат во нашиот дигестивен тракт и помагаат во исфрлањето на штетните микроорганизми.

Денес, многу видови јогурт содржат и специјални соеви на пробиотици кои помагаат во варењето или го зајакнуваат имунитетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *