Свинско филе со печурки: Рецептот никогаш не бил поедноставен, а јадењето никогаш повкусно

Свинско филе, совршен ручек.
Состојки

  • 500 гр филе без коски
  • 250 гр печурки
  • 1 стебленце праз
  • 2 чешниња лук
  • 300 мл супа
  • ловоров лист,  сол, бибер
  • 100 мл млеко
  • 100 мл слатка павлака
  • 2 лажички брашно
  • Подготовка
    Од двете страни на стекот посипете сол, бибер и слатката пиперка, па пржете ги во тавче со малку маснотии, додека не поруменат од двете страни. Во посебно тавче ставете ги исецканите печурки и праз и пропржете ги неколку минути, а потоа додадете го лукот кој претходно сте го испасирале.

    Во тавата со печурките и празот ставете го испрженото месо, па додадете го ловоровиот лист, мелената пиперка и сè прелијте со супата. Оставете го покриено да се динста на тивок оган најмалку еден час.
    Соединете го млекото со слатката павлака и две лажички брашно и истурете во тавата со месото, па зачинете со сол, бибер и слатката павлака. Измешајте сè додека сосот не се згусне.
    Филето послужете го со ориз или компири.

    Leave a Reply

    Your email address will not be published. Required fields are marked *