Најголемите грешки што ги правиме кога сме настинати

Периодот на настинки веќе зеде замав, а најчесто при првите знаци на настинка веднаш одиме во аптека за да купиме некој лек. Но, фармацевтите открија кои се најголемите грешки што ги правиме при настинка.
Во најголем број случаи, луѓето не одат на преглед, туку купуваат лекови на своја рака. Тоа понекогаш може да биде повеќе штетно, отколку корисно, предупредува фармацевтот Абас Канани.

„Повеќето луѓе уште при првата појава на симптом на настинка одат во аптека по лек, но тоа е огромна грешка бидејќи нема никаква врска дали веднаш ќе почнете со лекување или откако симптомите станат посилни. Резултатите се исти, настинката едноставно мора да мине сама од себе“, објаснува Канани.

Лековите воопшто не ја лекуваат настинката, туку само ги ублажуваат симптомите што ги имате. Не влијаат на природата на самиот вирус, кој ќе напредува без разлика дали сте ги зеле или не.
„Лековите се само симптоматско олеснување“, вели Канани и додава дека класичната настинка во просек трае до 10 дена.
Една од најчестите грешки е користење стари антибиотици. Не можат да помогнат во лекувањето настинка, а освен тоа, употребата на антибиотици користени во претходно лечење може да биде опасно.

„Повеќето настинки се предизвикани од вируси, а не од бактерии така што апсолутно нема потреба за користење антибиотик. Но, сепак, некои луѓе се одлучуваат на антибиотик што им останал од претходно лекување. Тоа е само настинка, вирусна инфекција, брзо ќе мине“, објаснува фармацевтот.
Предупреди дека од голема важност е внесувањето доволно течности.

„Хидратацијата и правилната исхрана се од голема важност за вашето здравје, а особено се важни кога сте настинати. Ако дехидрирате тоа уште повеќе ќе го оптовари телото бидејќи ќе мора понапорно да работи кога не е хидрирано. Затоа, пијте доволно вода и не прескокнувајте оброци бидејќи така уште полошо ќе се чувствувате“, советува Канани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *