Дали често ги триете ОЧИТЕ? Колку и да ве чеша нешто, лекарите советуваат да ги држите рацете подалеку од лицето!

Лекарите велат дека триењето на очите прави повеќе штета отколку што можеме да замислиме.
Кожата под очите е најтенка од сите делови – вели дерматологот д-р Нева Гринфилд, која објаснува дека причината за триење на очите може да се должи на одредени медицински состојби, како суви очи или алергии.

Понекогаш е потребен локален стероид за да се намали чувството на чешање, што ја спречува потребата и нагонот за гребење. Во други случаи, може да се користат и антихистаминици – објасни д-р Гринфилд.
Во секој случај, дерматолозите советуваат да ги држите рацете подалеку од очите, бидејќи навиката за триење може сериозно да влијае на изгледот и здравјето, бидејќи може да има последици како што се:
Крвави очи
Крвавите очи може да настанат со триење додека не пукнат капиларите – вели дерматологот д-р Снехал Амин.

Темни кругови
Хроничното триење може да доведе и до темни кругови под очите, познати како прогресивна хиперпигментација. Колку е потемна вашата кожа, толку полошо може да биде.
Брчки

Кога често ги триете очите, ја ставате кожата на ризик од згуснување“, вели дерматологот д-р Брендан Кемп, а тоа може да ги направи брчките повидливи.
Оштетување на рожницата
Хроничното триење не само што ја оштетува кожата на очниот капак, туку може да предизвика и микро-гребаници на рожницата“, вели Кемп, што може да доведе до заматен вид, состојба позната како кератоконус.

Ризик од инфекција
Очите се идеална почва за инфекции, бидејќи микробите од рацете лесно можат да навлезат во телото преку слузокожата на окото – велат дерматолозите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *