ПОСНА ПИТА СО ПИВО: Често ја има на трпезите а е ПОДОБАРA од БУРЕК

Пробајте рецепт кој ќе ве воодушеви.
За сите оние кои сакаат бурек , посната пита со пиво ќе биде посебно задоволство. Исклучително е сочен и вкусен.

Состојки:

  • 1 стебленце праз
  • 400 гр шампињони
  • 4 средни компири
  • 400 гр тенки кори за пита
  • 150 мл пиво
  • 150 мл масло
  • бибер

Подготовка:
Изчистете го празот и исечете го на коцки, шампињоните на листови. Излупете ги компирите и крупно изрендајте ги.

На малку масло пропржете ги празот и печурките и потоа додадете ги ренданите компири.Зачинете по вкус и пржете со постојано мешање додека компирот малку не омекне.
Се зема кората и се попрскува со масло, па се премачкува со малку од подготвениот фил. Завиткај го.

Покријте ја тавата со хартија за печење и подмачкајте ја. Полнетиот ролат свиткајте го во круг и ставете го во центарот на тавата. Од останатиот материјал формирајте уште кифлички и ставете ги во тавчето така да се поврзат една со друга, за да се формира пита.

Посебно соединете 50 мл масло со пиво, па загрејте до точка на вриење. Смесата рамномерно прелијте ја врз питата.
Печете ја питата во загреана рерна на 200°C додека не порумени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *