ЕВЕ КОГА НЕ ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ РИБА: Жените да ВОДАТ СМЕТКА, ВО прашање е ЗДРАВЈЕ

ЕВЕ КОГА НЕ ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ РИБА: Жените да ВОДАТ СМЕТКА, ВО прашање е ЗДРАВЈЕ

Медицинските експерти постојано укажуваат на тоа колку е здрава рибата . Сепак, излегува дека тоа не е точно, бидејќи најновото истражување покажува дека не треба да јадете риба во секоја прилика.

Списанието „JAMA Pediatrics“ објави резултати од истражување кои покажуваат дека рибата е чест извор на органски загадувачи, кои придонесуваат за развој на дебелина кај децата и влијаат на нарушувања на растот. Рибите често се изложени на специфични супстанции создадени од луѓето преку индустриски процеси.

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) и Агенцијата за заштита на животната средина (ЕПА), од 2014 година, ги предупредуваат бремените жени или жените кои сакаат да забременат да ја ограничат потрошувачката на риба на три пати неделно за да спречат изложеност на фетусот на тешки метали. содржи и невротоксини, кои го оштетуваат нервниот систем.

– Сè уште нема јасен одговор на прашањето која е оптималната количина на риба и каков вид риба може да се конзумира во текот на бременоста, без да има негативно влијание врз растот и развојот на детето – вели д-р Веда Чаци од Универзитетот на Крит, еден од коавторите на студијата.

Научниците ги анализираа податоците собрани од 26.184 трудници од европските земји и САД за да откријат врска помеѓу честото консумирање риба за време на бременоста и развојот на детето, како и влијанието на честото консумирање риба врз потенцијалната дебелина на детето.

Тие, исто така, го следеле развојот на 8.215 деца на бремени жени кои јаделе риба повеќе од три пати неделно. Кај 31 отсто од децата побрз раст е забележан во периодот од раѓање до втората година од животот, додека 19,4 отсто од децата тежеле повеќе од просекот во четвртата година, а 15,2 отсто од нив во шестата година од животот. Бројките биле помали кај децата на мајките кои консумирале риба еднаш неделно или помалку за време на бременоста.

Истражувањата покажаа и дека оваа појава е поевидентна кај женските деца.

Едно од објаснувањата можеше да се најде во фактот дека рибата често содржи органски загадувачи – заклучуваат научниците. Тие истакнаа дека при истражувањето не ја земале предвид разновидноста на рибите, начинот на подготовка за јадење, ниту информацијата дали се работи за речна или морска риба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *