ОВА ТРЕБА ДА ГО ЈАДЕТЕ АКО ИМАТЕ ГУСТА КРВ: Овие намирници ќе ја разредуваат, консумирајте по една СЕКОЈ ДЕН

Зголемениот број на црвени крвни зрнца (еритроцити) во вкупниот волумен на крв може да доведе до блокирање на крвните садови и крварење. Во овие случаи, лекарите обично препишуваат средства за разредување на крвта.

Најчесто оние кои имаат висок крвен притисок, ризик од развој на мозочен удар и разни срцеви заболувања, но и проблеми со белите дробови. Овие тегоби можете да ги ублажите со храна.

Во овој блог ви претставувам храна која ја разредува крвта.
Меѓутоа, бидејќи овие лекови имаат и бројни несакани последици, сè поголем број од нив се обраќаат кон природата за да го решат овој проблем.
Одлична вест е дека многу намирници се природни антикоагуланси, разредувачи на крв. Влијаат на разредување на крвта, односно спречуваат формирање на згрутчување на крвта.

Во секој случај, со оваа намирница треба да бидете внимателни, бидејќи премногу тенка крв не е идеална здравствена состојба, па дефинитивно најдобро е да се консултирате со лекар.

Цимет
Овој зачин содржи салицилати, односно соли на салицилна киселина, кои имаат способност да ја блокираат ефикасноста на витаминот К, кој игра важна улога во згрутчувањето на крвта. Во оваа група спаѓаат и ѓумбирот, ориганото, копарот и куркумата.

Спанаќ
Спанаќот и брокулата содржат големи количини на витамин Е, кој природно ја разредува крвта. Имено, витаминот Е произведува сосема спротивен ефект од оној на витаминот К.

Лосос
Лососот е исто така меѓу намирниците кои ја разредуваат крвта. Храната која содржи омега 3 масни киселини, како лосос, туна, скуша и други морски риби, ја спречува коагулацијата на крвта (згрутчување) и го намалува нивото на холестерол.

Кромид
И лукот и кромидот се природни антикоагуланси. Едно научно истражување дошло до заклучок дека овие два вида кромид треба да се консумираат сирови, во помали количини, но често, бидејќи се постигнува антитромбоцитно дејство.

Ананас
Покрај бројните антибактериски својства, ова овошје го содржи и ензимот бромелаин, кој помага за разредување на крвта, а најдобри резултати се добиваат во комбинација со ѓумбир и куркума.

Вода
Кога телото е дехидрирано, крвта станува погуста, а тромбоцитите се намалуваат и лесно може да формираат згрутчување. Затоа, водата е одлична за разредување на крвта. Треба да пиете два литра вода дневно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *