НАЈВКУСНИ СОЛЕНИ МАФИНИ: Ќе исчезнат од трпезата пред да се изладат

НАЈВКУСНИ СОЛЕНИ МАФИНИ: Ќе исчезнат од трпезата пред да се изладат




Кога ви треба ужина, но и вкусен појадок или вечера, мафините нека бидат вашиот избор.




Состојки:
-
- 500 гр лиснато тесто
- 1 јајце
- 4 варени јајца
- 4 лажици мајонез
- 300 гр шунка
- 100 гр рендано сирење




Подготовка: Лиснатото тесто исечкајте го на мали квадрати. Ставете ги во калап за мафини, а на дното ставете две ленти хартија за печење. Премачкајте ги со изматено јајце.




Се пече во загреана рерна на 200°C околу 15 минути. Изгмечете ги варените јајца, додадете мајонез и шунка, исечкајте ги на ситни коцки. Зачинете со сол и бибер. Добро измешајте и со добиената смеса наполнете ги испечените корпи. Секоја корпа посипете ја со рендано сирење. Се пече во загреана рерна на 200°C околу 15 минути.