СЛАТКАТА САРМА ОД ЗЕЛКА ГИ ЗАЧУДИ ДОМАЌИНКИТЕ: Тврдат дека е ПОДОБРА ОД КИСЕЛАТА, подготовката е поедноставна (РЕЦЕПТ)

СЛАТКАТА САРМА ОД ЗЕЛКА ГИ ЗАЧУДИ ДОМАЌИНКИТЕ: Тврдат дека е ПОДОБРА ОД КИСЕЛАТА, подготовката е поедноставна (РЕЦЕПТ)

Вкусно е, мора да го пробате
Состојки:

  • 1 главица свежа зелка
  • 500 гр мешано мелено месо
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 50-70 гр ориз
  • Црвен пипер
  • зачини по вкус

Подготовка на зелка: отстранете го коренот од главата на зелката. Ставете ја зелката во зовриена солена вода. Оставете да се вари 3 минути и тргнете го од оган. Во зависност од дебелината на листот, оставете го во топла вода уште десет минути (не подолго од еден час).

На малку масло пропржете го кромидот, па додадете го изренданиот морков. Потоа додадете мелено месо и една кафена лажичка сол. Кога ќе се испржи месото, зачинете по вкус со бибер, зачин Ц итн. Додека месото се пржи, ставете го оризот во друга тава, налејте вода, сол, додадете неколку капки масло и кога ќе зоврие тргнете го од оган. Се чува покриено додека не се соедини со месото.

Во тавче наредете листовите зелка, ставете малку масло и посипете ги со пипер. Наредете ги завитканите сарми.

Одозгора наредете уште неколку листови зелка и прелијте со вода. Гответе еден час до час и половина на тивок оган.Пријатно

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *