Денес се слави Преподобен Алипиј Столпник: Една РАБОТА не смеете да правите

Денес се слави Преподобен Алипиј Столпник: Една РАБОТА не смеете да правите

Денес Македонската православна црква и нејзините верници го слават празникот Преподобен Алипиј Столпник

Некои храмови се посветени и на овој светец. Кај нашиот народ, овој ден во некои делови се нарекува и Свети Ѓорѓи Олимписки. Ова е затоа што на тој ден се одбележува чествувањето на осветувањето на двата храма на Св. великомаченик Ѓорѓи, во Русија и во Грција. Луѓето го обединија култот на двајцата светци во едно.

Преподобен Алипиј Столпник е роден во Адријанопол, пафлагониски град. Од малечок Му беше предаден на служба на Бога. Како ѓакон служеше во црквата на епископот Теодор во тој град. Но, желен за осаменички живот, молитва и богомислие, Алипиј се оддалечи на едни елински гробишта надвор од градот, од кои заради честите демонски привиденија луѓето бегаа како од страшилишта. Таму тој забоде крст и изгради храм во чест на светата Ефимија, којашто му се јави во сон. Крај храмот подигна висок столб, се качи на него и помина таму во пост и во молитва цели педесет и три години.

Ни потсмевот на луѓето ни злобата на демоните не можеа да го оддалечат оттаму ниту да го поколебаат во неговата намера. Особено од демоните овој светител претрпе безброј маки. Не само што го застрашуваа со разни привиденија туку и го маваа со камења, не давајќи му мир ни дење ни ноќе долго време. Но, Алипиј мажествено се оградуваше себеси од силата демонска со знакот на крстот и со името Исусово. Најпосле демоните победени го оставија, а луѓето почнаа да го почитуваат и да му доаѓаат барајќи ги неговите молитви, утеха, поуки и исцеленија.

Околу неговиот столб се подигнаа два манастири: од едната страна машки, а од другата женски. Во женскиот манастир живееја мајка му и сестра му. Светиот Алипиј ги раководеше монасите и монахињите од својот столб преку сопствениот пример и слово, а им блескаше на сите како небесна светилка, укажувајќи им го патот кон спасението. Овој Божји угодник имаше толкава благодат, што често го озаруваше небесна светлина и над него се креваше светлосен столб до небото. Беше прекрасен и силен чудотворец за време на животот и после смртта.

Поживеа повеќе од сто години и се упокои во Господа во 640 година, во времето на царот Ираклиј. Дел од неговите свети мошти, односно неговата чесна глава, се чува во манастирот Кутлумуш на Света Гора.

На овој ден не треба да работите домашни работи.

На овој ден се слави и Осветувањето на црквата на свети Георгиј во Киев. На овој ден се празнува осветувањето на црквата посветена на свети Георгиј Победоносец во Киев. Кај руските кнезови, почнувајќи од рамноапостолниот кнез Владимир, постоел благочестив обичај да основаат цркви во чест на своите ангели чувари, т.е. на светителите чии имиња ги носеле.

Така, рамноапостолниот Владимир, во светото Крштение Василиј, изградил во Киев и Вишегород цркви во чест на светиот Василиј Велики; кнезот Изјаслав Први (1054 – 1068), во светото Крштение Димитриј, изградил во Киев храм и манастир во името на светиот великомаченик Димитриј; кнезот Јарослав Мудри (1019 – 1054), во светото Крштение Георгиј, положил темели на црквата и на машкиот манастир во чест на својот светител закрилник, светиот Георгиј, а исто така изградил храм и во името на маченичката Ирина, закрилница на неговата сопруга.

Црквата во чест на светиот великомаченик Георгиј се наоѓала пред вратите на Света Софија (Киевска), на неговата изградба кнезот Јарослав потрошил многу средства, а во изградбата на храмот учествувале голем број градители. На 26 ноември црквата била осветена од страна на светиот Иларион, Митрополитот Киевски (се слави на 21 октомври), и било востановено секоја година да се празнува овој голем настан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *