Домашна паста за ИЗБЕЛУВАЊЕ на забите! Рецепт кој ефикасно ги елиминира бактериите и го намалува воспалението на непцата.

Домашна паста за ИЗБЕЛУВАЊЕ на забите! Рецепт кој ефикасно ги елиминира бактериите и го намалува воспалението на непцата.

Домашната паста за заби е направена од целосно природни состојки и како таква е поздрава и побезбедна за нашите заби. Луѓето кои користат паста за заби по овој рецепт тврдат дека со години немаат кариес, дека пастата совршено им ги полира забите и го отстранува лошиот здив.

Домашната паста за избелување на забите не се пени, бидејќи не содржи штетен натриум лаурил сулфат. Состојките на оваа паста за заби се кокосово масло, сода бикарбона и есенцијално масло по ваш избор.

Се препорачува едно од следниве есенцијални масла: нане, еукалиптус, лимон, портокал, рузмарин, масло од чајно дрво.

Кокосовото масло е познато по своите антибактериски и антигабични својства. Сода бикарбоната ги избелува забите, ги отстранува дамките и со своите алкални својства ја неутрализира киселината во устата, која е причина за расипување на забите. Етеричните масла имаат антивоспалителни и антибактериски својства, а го освежуваат и здивот. Се советува секогаш да се прави помала количина паста за заби.

Потребни состојки:

  • 1 лажица кокосово масло
  • 2 лажици сода бикарбона
  • 5 – 6 капки етерично масло по избор

Постапка на подготовка:
Кокосовото масло ставете го на топло место да омекне. Подгответе сад во кој ќе ја чувате пастата за заби, ќе ја измиете и дезинфицирате со средство за дезинфекција: асепсол, алкохол итн. Направете го истото со додатоците.

Истурете една лажица кокосово масло, две лажици сода бикарбона и неколку капки есенцијално масло во добро исушена и дезинфицирана стаклена тегла или пластичен сад.

Добро измешајте ги сите состојки. Ја добивте најдобрата домашна паста за белење на забите! 🙂 Да се ​​чува на ладно место, да не стане течно кокосовото масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *