СЕКОЈ ДЕН ЈАДЕВ КИКИРИКИ: Еве што се случи со моето тело

СЕКОЈ ДЕН ЈАДЕВ КИКИРИКИ: Еве што се случи со моето тело

Долго време се водеше дебата за тоа дали и колку се здрави кикириките , додека не се утврдат сите нивни здравствени придобивки. Кикириките можете да ги јадете сирови, како намаз или како составен дел на многубројни салати и јадења, а придобивките се големи, бидејќи се богати со влакна, витамини , хранливи материи и антиоксиданси.

Една корисничка го сподели своето искуство, како и што му носи на вашето тело ако јадете кикирики секој ден:

Го намалува нивото на холестерол
Иако кикиритките се многу калорични, многу студии покажуваат дека кикириките и путерот од кикирики помагаат во намалување на холестеролот и триглицеридите.

Го контролира нивото на шеќер во крвта
Едно истражување сугерира дека појадокот базиран на кикирики може да помогне во контролата на шеќерот во крвта во текот на денот, дури и ако сте имале ручек богат со јаглени хидрати.

Содржи добри масти и помага при слабеење
Иако е богат со калории и масти, кикириките не предизвикуваат зголемување на телесната тежина. Јадењето на оваа мешунка може да помогне да се одржи виталноста и да се спречи дебелината, но и да се ослободите од вишокот килограми, под услов да ја јадете со минимална количина сол или несолена.

Ја подобрува меморијата
Кикириките се храна за мозокот. Истражувањата докажаа дека витаминот Б3 кој се наоѓа во кикириките дава многу здравствени придобивки, вклучително и подобрување на функцијата на мозокот и способностите за меморија.

Го поддржува варењето
Кикириките содржат и влакна, кои се корисни за непречено функционирање на цревата и варењето на храната.

Добро е за здравјето на срцето
Меѓу придобивките за човековото здравје, се чини дека оваа е најпозната. Благодарение на високото ниво на мононезаситени и полинезаситени масти, кикириките можат да го одржат здраво човечкото срце.

Сепак, една група на луѓе не смее да ја консумира оваа храна, поточно оние кои се алергични на неа. Поради неговото алергенско дејство, не се препорачува давање кикирики на мали деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *