ПИТУЛИЦИ СО ЛУК- Традиционалната Македонска ПИТА стар рецепт од нашите БАБИ

ПИТУЛИЦИ СО ЛУК- стар рецепт од нашите БАБИ редовен за БАДНИК на вашата Трпеза

Уште еден стар рецепт од нашите Баби,кој ќе ве воодушеви со својот уникатен вкус.
Питулиците се посни и нема потреба од многу мастрав.Може да ги правите во солена или блага варијанта

Состојки:

  • 300гр. брашно
  • 200мл. зејтин
  • една главица лук
  • една кафена лажичка сол
  • 150гр. ситно сецкани ореви
  • 200мл. кисела вода

Начин на подготовка:
Во длабок сад се ставаат брашното, киселата вода, солта и една кафена лажица зејтин.
Смесата треба да биде погуста од онаа за палачинки.

Потоа на тефлонска тава или друга нелеплива тава се пржат од двете страни како тортиљи.
На аван се толчи лукот со сол и се прелива со врела вода.

Се редат ред питулица, па се прска со зејтин, се мачка со смесата од лук и се посипува со ситно сецкани ореви.

Потоа се сечат на коцки и се прелива со преостаната течност со лук.Се пече во загреана рерна на 220 степени околу половина час.Пријатно јадење

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *