КУМАНОВСКА ТАТЛИЈА-ПРЕВКУСЕН стар рецепт со ореви СЕ ТОПИ ВО УСТА

КУМАНОВСКА ТАТЛИЈА-ПРЕВКУСЕН стар рецепт со ореви СЕ ТОПИ ВО УСТА




Подготвена за еден час! Ова е стар рецепт и верувајте дека е одличен! Кумановска татлија! Не е потребно многу време за подготовка, а ќе добиете великодушно и вкусно задоволство.




Потребно ви е:
- 1 голема чаша пиво
- 1 чаша маслиново масло
- 1 прашок за пециво
- 100 гр сечкани ореви
- 2 чаши шеќер
- 5 кесички ванилин шеќер
- 1/2 кг брашно
Некои татлија ја прават со таканаречената „цедилка“ – вода со пепел, но во овој рецепт е малку поинаку.




Подготовка:
Ставете една лажичка шеќер на дното на тавата да добие карамелизирана боја, веднаш додадете пиво, маслиново масло и кога ќе зоврие додадете прашок за пециво, извадете го од шпорет и додадете брашно, ореви и 2 кесички ванилин шеќер.




Загрејте ја рерната. Татлијата се става во подмачкан плех и се пече половина час на 270 C, па се намалува на 200 уште 40 мин. Се вади од рерна, се сече по желба или како што е прикажано на сликата.




Шербет: 2 чаши вода, 2 чаши шеќер ставете да зовријат и потоа додадете 3 кесички ванилин шеќер. Со шербетот прелијте ја татлијата.
Пријатно!