Палачинки без брашно? Еве како е можно – ви го пренесуваме рецептот

Палачинките се омилен деликатес и на младите и на старите. Па, понекогаш не можеме да ги јадеме поради здравствени или други причини.

Сепак, постои решение за оние кои избегнуваат брашно, особено бело брашно. Кога ќе отстојат малку и ќе потемнат, бананите веќе не се привлечни за јадење, но се идеални за овие палачинки кои се разликуваат од вообичаените по тоа што не содржат брашно.

Состојки : 3 банани (по можност многу зрели), 3 јајца, 1 лажица кокосово масло или стопен путер, 2 лажици кокосово брашно, 1 мала лажица мелен цимет. Mасло или стопен путер за печење палачинки.

Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат или се ставаат во длабок сад и се матат со миксер со стапче. Доколку сакате смесата да содржи парчиња овошје, изгмечете ги бананите со вилушка, а потоа додадете ги останатите состојки и убаво измешајте.
Подмачкајте ја тавата, а кога ќе се загрее истурете дел од смесата и печете додека палачинката не потемни од долната страна. Палачинката пред вртење мора добро да се испече за да можете полесно да ја завртите бидејќи смесата е тенка, па палачинките се кревки. На ист начин испечете ги и другите палачинки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *