СОЧНО И ВКУСНО ПИЛЕШКО ВО КРЕМ СОС:Јадење кое секој можи да го направи

СОЧНО И ВКУСНО ПИЛЕШКО ВО КРЕМ СОС:Јадење кое секој можи да го направи




Зошто да поминувате долго време во кујната и да готвите комплицирани јадења, кога има едноставни и брзи рецепти со кои ќе направите вкусен ручек. Пробајте го овој рецепт за пилешко во крем сос.




Состојки:
- 500 гр. пилешко филе
- 2 кесички супа од печурки
- 1 л павлака за готвење
Начин на подготовка:




Пилешкото месо исечете го на парчиња. Секое парче треба да го посолите и да го полиете со масло. Оставете го да се маринира околу 1 час.




Потоа, наредете го месото во тава во која претходно ќе додадете малку масло. Преку пилешките парчиња прелијте ја супата и павлаката за готвење.




Вклучете ја рерната пред да почнете со подготовка на оброкот. Загрејте ја рерната на 200 степени. Печете околу половина час. Послужете го јадењето со свежа салата и печен компир.