Со верба во БОГА бев на Бигорски: Душата ми се исполни, БОЛЕСТА ја снема…

Со верба во БОГА бев на Бигорски: Душата ми се исполни, БОЛЕСТА ја снема…

Почетоците на неговата изградба, датираат многу одамна (се верува уште во 11 век). Денешната градба на манастирскиот комплекс ја сочинуваат: црквата, костурницата, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци и новоизградените гостински конаци, кои нудат можност на секој од посетителите, под одредени услови, да остане подолго време и да ужива во прекрасните изгрејсонца на овој божествен предел.

Се верува дека кога во времето со Ромејското Царство управувал Василиј II, на овие простори царувал цар Самоил (976-1014 г.). Во ова време, во падините на Бистра, живеел некој монарх со име Јован, кој имал потекло од Дебар.

Тој бил многу добродушен човек, а голема љубов негувал кон свети Јован Крстител. Еднаш во шумата, Јован здогледал некаква светлина помеѓу дрвјата која се вивнувала кон небото.

Кога се доближил видел дека лебди икона со ликот на свети Јован Крстител, окружена со блесок. Монахот одма се погрижил да ѝ изгради свој дом на иконата, па ѝ направил мало црквиче, пред кое секојдневно му се молел на св. Јован.

Според легендата, оваа света икона дошла на овие простори од Исток. Василиј II, кога дознал за добродетелниот живот на монархот Јован, го назначил за архиепископ на Охридската архиепископија во 1018 г.

Воедно, не заборавил и да оддаде благодарност кон изградениот параклис (мало црквиче во кое не се служи литургија), во кој се наоѓала чу-дотворната икона. Шест години откако монархот ја пронашол, односно во 1020 г. на истото место Василиј II, подигнал поголем храм.

Манастирот низ историјата многупати бил рушен, опус-тошуван, опожа-руван и напа-ѓан, па од неговата прва градба, денес е останата само светата икона на свети Јован Крстител

Денешниот изглед на манастирот датира од крај на 18 и почеток на 19 век, а неговата изградба се поврзува со игуменот Митрофан (1796-1807), но сепак како најзаслужен за денешниот изглед на црквата се смета игуменот Арсениј (1807-1839), кој ги обновил старите конаци и повикал мајстори кои му ги дале најпрепознатливи и највеличествени уметнички и црковни вредности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *