ЕКСПЕРТИТЕ Тврдат: Ова се знаци дека всушност имате ДОБАР МАЖ

ЕКСПЕРТИТЕ Тврдат: Ова се знаци дека всушност имате ДОБАР МАЖ




Овие 7 знаци гарантираат дека имате добар сопруг или партнер, тврдат експертите .




Се чувствувате безбедно со него
Жената никогаш нема да се чувствува несигурна во друштво на добар маж. Без разлика дали се работи за несигурност за физичкиот изглед, како да се изврши некоја задача или чувствата за врската – вистинскиот маж знае како да ги смири сомнежите на жената.




Ја зголемува вашата самодоверба
Добриот човек никогаш нема да користи манипулација, без разлика дали е физичка, емоционална или сексуална, за да го добие она што го сака или да го контролира начинот на кој размислува неговата сакана. Тој не омаловажува. Напротив, неговото однесување ја зајакнува нејзината самодоверба.




Ви дава ветер на грб
Добриот маж никогаш нема да ја ограничи жената во остварувањето на целиот нејзин потенцијал. Тој ќе ѝ биде најголемата потпора, а ако треба и рамо за плачење. Тој нема да дозволи неговата сакана да се откаже од нејзините соништа. Напротив, таа ќе биде мотивирана и инспирирана.




Тој ти е верен
Изневерувањето не му поминува низ глава, без разлика дали се работи за физичко или емоционално изневерување. Во неговиот живот има место само за една жена – тебе.




Тој знае дека ви треба време за себе
Добриот човек знае дека квалитетниот брак е вечен компромис помеѓу двајца луѓе кои треба да го посветат своето слободно време посебно на сопствените интереси. Покрај тоа, тој ве поттикнува да одвоите време за себе.




Ви дава простор да бидете „свои“
Ако го прашате за совет, тој ќе ви даде свое мислење. Но, тој никогаш нема да го наметне своето мислење или да очекува од вас да размислувате како него. Тој те цени премногу за да се однесуваш така.




Вие сте секогаш неговиот прв приоритет
На него можете да се потпрете во секој момент од животот – тој е вашата омилена личност со која можете да прославите добри вести, но и да споделите тешки моменти.