3 работи што треба да ги знаат оженетите мажи кога разговараат со други жени.

3 работи што треба да ги знаат оженетите мажи кога разговараат со други жени.Оженетите мажи треба да знаат неколку работи додека разговараат со други жени кои не се нивни сопруги. Еве три „не“ и три „да“ кога станува збор за комуникација со други жени.

Најбрзиот начин да ја изгубите довербата во бракот е да чувате нешто тајно од сопругата. Никогаш немав намера да ја изневерам поранешната сопруга, но тајните разговори на крајот еволуираа во чести разговори; и честите разговори водеа до детални разговори за мојот живот, мојата сопруга и нашите проблеми. Сето ова предизвика уништување на нашата доверба, и на крајот уништување на нашиот брак.

Кога разговараш со други жени, дали си будала или сепак си добар сопруг? Дозволете ми да ви дадам неколку совети за комуникација со други жени освен вашата сопруга, за што морав да научам на потешкиот начин. Еве три „не“ и три „да“ кога станува збор за комуникација со други жени.

Прво, три „не“: Никогаш не се жалете за вашата жена на друга жена или не дозволувајте друга жена да ви се жали за нејзиниот сопруг.
Зошто? Затоа што кога се жалиш за својата жена, ја обесчестуваш; а освен тоа, затоа што жена ти не ти дала дозвола да го сториш тоа.

Ако сакате вашата жена да ве почитува, мора да го почитувате и заштитите нејзиното достоинство. Никогаш не ја омаловажувајте својата сопруга зборувајќи за неа на негативен начин со друга жена. И не дозволувајте друга жена да го обесчести својот сопруг со тоа што ќе ви се жали за него.

Држете се настрана од темите за интимноста, тајните и она што ве мачи.
Зошто? Затоа што тоа не ја засега, а кога зборуваш на овие интимни теми со друга жена, ја дискредитираш сопругата. Никогаш не ја уништувајте довербата и интимноста помеѓу вас и вашата сопруга; не биди кавалер во разговорите со други жени.

Никогаш не сретнувајте други жени во приватен амбиент (особено онлајн). Нека сето тоа се одвива во јавност за да можат другите да ве видат. Искушението најдобро функционира во тајност; затоа, одржувајте ги вашите состаноци секогаш јавни. Знам дека ова не е секогаш можно, но подолу ќе споделам со вас неколку совети за тоа како да го направите тоа можно.

Секогаш спомнувајте и зборувајте за вашата сопруга најдобро . Зошто? Со тоа покажувате почит кон неа, но и поставувате стабилни граници и светлина, како што јас ја нарекувам – безбедносни факели – што им дава до знаење на другите жени дека сте зафатени.

Ако е можно, поканете ја вашата сопруга да учествува на разговорот.
Особено ако жената со која разговарате поминува низ одредена криза. Прашајте ја таа жена дали би било во ред вашата сопруга да се вклучи во разговорот или предложете да разговара со вашата жена отколку со вас. Тоа нема секогаш да биде возможно, но барем обидете се. Гледајте на вашата сопруга како на „засилување“.

Кажете ѝ на сопругата дека сте разговарале со други жени.
Не ми е гајле дали тој муабет ти е битен или небитен. Зошто? Затоа што со тоа создавате доверба во вашата сопруга.

Ако разговорот, советувањетона другите жени предизвикуваат непријатни чувства кај вашата сопруга, тогаш и вие треба да се чувствувате непријатно. Не ја нарекувајте луда, туку запрашајте се зошто сте повеќе загрижени за тоа како се чувствуваат другите жени отколку за тоа како се чувствува вашата сопруга.

Почитувајте ја својата сопруга во сè што правите – особено кога разговарате со други жени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *