Носењето ЧОРАПИ додека спиеме може да ни помогне да спиеме подобро? Мит или вистина

Иако многумина мислат дека спиењето со чорапи зависи од топлината или студот сепак тоа не е точно – според оваа навика може да откриете каков е вашиот карактер или карактерот на вашиот партнер.

Чорапите ви помагаат полесно да заспиете. На светот постојат два вида луѓе, оние кои носат чорапи додека спијат и оние кои спијат боси. Некои не можат да заспијат без чорапи на стапалата затоа што им е ладно додека пак другите не можат со нив бидејќи им е жешко.

Многумина се уверени дека се работи за навика, а всушност се работи за состојба на психата и нема никаква врска со топлината и студот во просторијата, тврдат психолозите и додаваат дека носењето на чорапите е поврзано со состојба на организмот.

Луѓето кои спијат со чорапи
Тие тоа го прават заради тоа што чувствуваат студ, иако во просторијата не е ладно. Тоа може да биде поврзано со различни физички аспекти како што се дебелината на кожата и бавен метаболизам. Но спиењето со чорапи е одраз и на психата.

Луѓето кои никако не можат да заспијат без чорапи обично имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да престојуваат на убави места и секогаш настојуваат да воспостават длабоки и многу интимни односи со другите. По природа се нежни, најсреќни се во придружба на нечија прегратка и не им пречи делењето на нивниот личен простор со другите луѓе.

Луѓето кои спијат боси
Нив спиењето со чорапи им предизвикува непријатност и претопло им е за да можат да заспијат. Физички тоа може да укажува на брз метаболизам, добра циркулација и подебела кожа.
Гледајќи ја нивната психа, тие се многу независни и заштитнички настроени кон другите. Нивниот приватен простор многу им значи и ќе се дружат со другите луѓе само доколку и тие се расположени, а не секогаш. Многу се икрени и чесни. Ги привлекуваат предизвици, а за луѓето кои им значат ќе направат сè, само нив да им биде добро, пишуваат од „BrightSide“.

Предности на носење чорапи во кревет
Чорапите ви помагаат полесно да заспиете. Причината за тоа е што тие помагаат во регулирањето на температурата. Тоа го спречува и потењето во текот на ноќта;
Според традиционалната кинеска медицина, носењето чорапи привлекува позитивен проток на енергија. Ладните стапала можат да го исцрпат телото додека пак топлината од чорапите помага во циркулацијата на крвта и животната енергија;
Носењето чорапи според некои истражувања може да ги зголеми шансите за оргазам за 30 отсто.
Како да ви биде топло доколку не спиете со чорапи?

Носете папучи 1 час пред да легнете да спиете;
Ставете шише со топла вода или грејач на подножјето на креветот. Од сигурносни причини исклучете го грејачот кога ќе ви се приспие;
Ставете си дополнителни покривки или перници на подножјето на креветот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *