ПРИЈАТНО МЕ ИЗНЕНАДИ СО ВКУСОТ: Вака се прави бабиниот ЏЕМ од ТИКВА

ПРИЈАТНО МЕ ИЗНЕНАДИ СО ВКУСОТ: Вака се прави бабиниот ЏЕМ од ТИКВА




Тиквата со право ја нарекуваат кралица на есента, но долго време е занемарена како состојка во слатките рецепти.




Во последно време оваа „неправда“ малку се исправи, тиквата се повеќе се користи во готвењето, за приготвување слатки и солени јадења. Овој рецепт е уште еден чекор напред во неговата употреба.




Ќе ни требаат:
- 1 кг исчистена тиква
- 2 јаболка
- 500 гр шеќер
- 1 лимон
- 1 портокал
- зачини (цимет, ѓумбир…)




Се подготвува вака:
Тиквата и јаболкото исечкајте ги на коцки, ставете ги во тенџере и покријте ги со малку вода, колку да не се залепат коцките од тиквата и јаболката на дното на тенџерето при варењето.
Ставете го да зоврие, кога ќе зоврие намалете го огнот и продолжете со готвење додека не омекне тиквата.




После тоа, сомелете ја масата со миксер за стапчиња, додадете шеќер, сок од лимон и портокал и зачини.




Гответе уште дваесет минути со повремено мешање за да се раствори шеќерот и смесата да не изгори.




Топлата смеса истурете ја во суви тегли (не мора да бидат топли), а потоа цврсто затворете ги теглите (мора да биде со метална капа, никогаш пластична и без да ставите целофан под капачето) и превртете ги наопаку.




Оставете ги теглите во таа положба додека не се излади џемот.