ПИТА МАСЛЕНИЦА: Најлесен рецепт – месите, растегнувате, виткате и толку

ПИТА МАСЛЕНИЦА: Најлесен рецепт – месите, растегнувате, виткате и толку




Направете многу едноставен рецепт за пита масленица. Доколку сте љубители на оваа пита, дефинитивно треба да ја пробате.




Ќе ни требаат:
- брашно 650 гр
- сол 1 лажица
- вода 500 мл
- путер 120 гр
- павлака 1 лажица




Подготовка:
Се замесува 650 гр брашно, 1 лажичка сол и 500 мл вода , тестото се остава 10 минути на собна температура , одвојуваме тесто за 2 јуфки кои ќе ги расукаме и масло и ги оставаме да одморат околу 15 минути.




Потоа растопете 120 гр путер и 80 мл масло и додадете 1 лажица кисела павлака и сето тоа измешајте го.Потоа,тргнете го на страна и расукајте ја втората јуфка




Кога ќе ја рассукаме втората јуфка, првата ќе ја ставиме во средината и повторно ќе почнеме да ја превиткуваме, премачкајќи ја со смесата со путер.




Намачкајте ја тавата со масло и ставете 2 јуфки кои ги завиткавме една во друга и сите малку подмачкајте ги.Печете 20-25 минути на 220°C




И тоа е тоа, нашата масленица е готова. Ништо поубаво и повкусно. Земете шолја јогурт и уживајте.